8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство

Фармерки со џебови

Типично женските модели на фармерки немаат џебови одзади. Но, денес скоро и да не постои модел каде фармерките се без задни џебови.

Тие се додадени по теркот на машките модели и се практични, особено за девојките што не сакаат да носат чанти, на пример.

Постојат жени кои купуваат фармерки во машките оддели бидејќи овие модели се малку поразлични од моделите што типично се нудат за жените.

А, дел од нив тврдат дека изгледаат многу подобро во машки модел фармерки.

8-tipichno-mashki-raboti-koi-i-zhenite-gi-koristat-so-zadovolstvo-01_copy.jpg

Машки парфеми

Многу жени купуваат машки парфеми и тврдат дека овие мириси се многу подобри и дека траат подолго.

Машките парфеми имаат посилен мирис и, за разлика од женските, не мирисаат слатко и цветно.

8-tipichno-mashki-raboti-koi-i-zhenite-gi-koristat-so-zadovolstvo-03.jpg

Машки маички

Едноставни, широки, а не струкирани – токму поради ова многу жени преферираат машки, а не женски модели маички.

И многу често, тие се поевтини ако се купат во машкиот, наместо во женскиот оддел.

8-tipichno-mashki-raboti-koi-i-zhenite-gi-koristat-so-zadovolstvo-04.jpg

Машки паричници

Женските модели на паричници имаат многу патенти, често се украсени или на нив се исцртани шарени слики.

За разлика од нив, машките модели се поедноставни, помали и според многу жени – пофункционални.

8-tipicno-maski.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg