Чарли Чаплин, Хју Хефнер: Темната страна на најпознатите „женкари“ во историјата
Хју Хефнер – ги дрогирал и манипулирал со своите „девојки“
Хју Хефнер е основач на популарното списание Плејбој. За жал, како што се случува често, овој женкар имал и темна страна.
Додека Хефнер разгласувал дека е феминист и дека се залага за сексуално ослободување, документарниот филм Secrets of Playboy открива дека тој бил предатор кој користел дрога за да ги контролира жените околу него и сексуално да ги искористи.
Чарли Чаплин – човек со мали мустаќи и големо его
Чарли Чаплин најверојатно е најпрепознатливата и најсакана филмска ѕвезда од ерата на немиот филм и без сомнение остави неизбришлива трага во филмската историја. За жал, Чарли Чаплин, кој пораснал во проблематично семејство, има и темна страна.
Додека се разведувал од сопругата, Чаплин запознал 12-годишно девојче кое четири години подоцна ќе стане негова сопруга.
Подоцна, Чаплин се оженил со 18-годишна, кога самиот тој имал 54 години. Многу извештаи сугерираат дека Чаплин бил суров татко за своите деца.
Фидел Кастро – комунист кој имал секс со десетици илјади жени
Во латинските земји постои стереотип за „мачо мажи“ кои најчесто се сметаат за идеален тип на маж. Тие се женкари и оваа особина честопати се поврзува со нивната социјална положба.
Зарем не се очекувало од Кастро да ги искористи придобивките од неговата моќ и слава како претседател?
Наполеон Бонапарта – многу љубовници и непризнаени деца
Денес, Наполеон е добро познат по тоа што управувал со Франција во пресрет на Француската револуција и по тоа што поседувал остар воен ум.
Како и Казанова, и Наполеон имал италијанско потекло и тоа влијаело на неговото детство. Тој бил малтретиран поради неговиот лош изговор на францускиот јазик, и тоа, заедно со неговиот мал раст, најверојатно довело до неговиот комплекс на помала вредност.
Првата сопруга на Наполеон го изневерувала, и тоа го објавиле Британците, за да го посрамотат. Тој и самиот имал љубовници, а се развел од неа во потрага по наследник.
Најверојатно имал повеќе нелегитимни потомци, од кои повеќето не ги признавал и не ги поддржувал.
М. Ѓ | Црнобело
Би можело да ве интересира:





