8 знаци што укажуваат дека не сте доволно ценети од партнерот и блиските, низ илустрации

Се чувствувате осамени кога ќе го прекинете контактот со некоја личност, но тој/таа не се чувствува така

За секоја врска потребна е двонасочна комуникација.

Ако личностите што се околу вас често ве забораваат, ве занемаруваат или не ве контактираат, тоа најверојатно значи дека ним воопшто не им е важно вашето присуство.

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-09.jpg

Очекуваат дека ќе им ги завршите обврските

Ако сте постојано тука за да им помогнете на другите луѓе, тие автоматски почнуваат да веруваат дека тоа ќе го правите и во иднина.

Во тој миг кога ќе ги одбиете, најчесто вие сте етикетирани како „себични“.

Потребно е да научите да поставите граници и да нагласите дека сте свесни за сопствената вредност.

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-05_copy_copy.jpg

Другите лесно ги забораваат датумите што вам ви се важни

Имате чувство дека блиските се зафатени и немаат време ниту да ви честитаат роденден, годишнина и слично и тоа е во ред да се случи понекогаш.

Но, ако забележите дека тоа се случува постојано, тогаш чувствувате дека луѓето намерно ве занемаруваат.

Ако им се спротивставите и ви велат дека не е толку важно и дека премногу сериозно ги сфаќате работите, тогаш треба да бидете сигурни дека не ја добивате љубовта што сте ја заслужиле.

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-06.jpg

Им завидувате на луѓето што имаат добри и хармонични врски

Ниската самодоверба може да предизвика да станете љубоморни кога ќе се сретнете со луѓе што го имаат тоа што вие потајно го посакувате.

Сосема е нормално да чувствувате завист кога гледате како некој му ја дава љубовта на партнерот што вие само посакувате да ја добиете.

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg