8 знаци што укажуваат дека не сте доволно ценети од партнерот и блиските, низ илустрации

Луѓето ги забораваат вашите родендени, чувствувате дека постојано очекуваат вие да им ги завршите обврските и да им помогнете, а ако не сте во можност тогаш велат дека сте себични – Кои знаци укажуваат дека луѓето околу вас не ве ценат доволно?

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-01.jpg

Давате сѐ од себе за луѓето да ве сакаат, да ви бидат пријатели приватно или на работното место, но секогаш забележувате дека за возврат добивате помалку од она што го заслужувате. Чувството дека луѓето не ве ценат доволно може да ви создаде стрес и да направи да се чувствувате несигурни во себе.

Во продолжение погледнете кои осум знаци се сигурен доказ дека луѓето не ве ценат доволно и треба под итно да преземете нешто и да направите некои промени.

Имате постојана потреба да нагласувате кои се вашите квалитети

Кога луѓето се чувствуваат несигурни, тие имаат потреба постојано да ги нагласуваат сопствените позитивни страни за да докажат дека вредат.

Чувствувате дека тоа што ги споделувате сопствените приказни и искуства со другите ви овозможува повеќе да се зближите со нив, па затоа имате постојана потреба да зборувате за себе.

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-02.jpg

Во јавност ви велат дека ве сакаат, но во приватноста е сосема поинаку

Колкупати ви се случило некој да ви каже дека ве сака, а вие да сметате дека нивните дејствија во приватноста не го покажуваат тоа?

Чувствувате дека луѓето ве земаат здраво за готово, а нивните зборови се празни.

Затоа повеќе би сакале тие да можат да ви покажат дека вистински ве сакаат, отколку само да ве убедуваат напразно кога сте опкружени со други луѓе.

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-03.jpg

Ги занемаруваат вашите успеси и цели

Воопшто не е добар знак ако забележите дека луѓето околу вас постојано водат сметка за сопствените цели, а вашите ги занемаруваат.

Ова може да ви се случи ако околу себе имате несигурни личности што се грижат само за себеси, па често може да се случи да ве обесхрабруваат затоа што стравуваат дека во мигот кога ќе го постигнете тоа што го сакате вие ќе ги напуштите.

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-08.jpg

Постои огромна разлика во тоа колку добивате и колку вложувате

Секогаш е потребно да постои некој баланс во однос на тоа колку давате и колку добивате за возврат во врските.

Ако вие само давате, а другата личност само зема, тогаш најверојатно тој или таа престанале да го ценат тоа што вие го правите за нив.

8-znaci-shto-ukazhuvaat-deka-ne-ste-dovolno-ceneti-od-partnerot-i-bliskite-niz-ilustracii-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg