Топол и ароматичен напиток со цимет
Овој лековит зачин за секој пијалак и храна им дава топла пријатна арома, а неговиот мирис е создаден за зимските денови. Наш предлог за претстојниов викенд.
Ароматичен пијалак со јаболко и цимет
Потребни состојки:
200 ml јаболкова ракија, 100 ml вода, 200 ml сок од јаболко, 3 лажици шеќер, кесичка ванилин шеќер, 2 каранфилчиња, половина лажиче цимет.
Подготовка:
Шеќерот ставете го на оган да се растопи, па турете ја јаболковата ракија разблажена со вода.
Додајте ги каранфилчињата и варете се додека растопениот шеќер не се раствори. На жешката ракија додајте и го сокот од јаболко и циметот, измешајте и послужете во стаклени чаши.
Можете да декорирате со стапче цимет.
Ние го пробавме, а вие?