Уметност: Гола со свињи и во рушевини?!

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-povekjeКога облечен маж е опкружен со свињи е обичен свињар. Кога гола жена е опкружена со свињи е уметнички перформанс. Миру Ким е опседната...


...со кожата како место каде телото се среќава со надворешниот свет. Уште како дете забележала дека кога ја гали мачката таа реагира слично како луѓето кога некој ги масира.

Во меѓувреме Миру пораснала, прочитала што има да каже францускиот филозоф Michel Serres за сетилата и се заинтересирала за свињи. Со оглед на тоа што токму ткива и органи од свињи се пресадуваат во човечки тела, таа сфаќа дека сличностите меѓу човекот и свињата се огромни.

Поаѓајќи од идејата дека сите сетила се мешаат и оставаат траги на најголемиот орган - кожата, Ким го одбрала својот нов предизвик - кожа на кожа со свињи!

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-11

По безброј молби и барања до фарми за свињи во САД серијалот The Pig That Therefore I Am е правен во единствената гостопримлива фарма, и тоа само откако го уверила сопственикот дека не станува збор за активизам за правата на животните.

Замислете, никој не можел да поверува дека некоја девојка без посебна причина сака гола да лежи со свињи!

Пронајди го натрапникот:

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-01

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-02

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-1

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-2

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-3

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-4

Во случајов „Сум спиела со многу свињи“ е уметнички потфат, а не жалење за љубовните утки од минатото :)

За разлика од нежните линии во фотографиите на фармата, претходниот серијал Naked City Spleen има помрачна атмосфера и е сликан во стари напуштени фабрики, болници, тунели, катакомби... И Ким е повторно гола.

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-7

umetnost-gola-so-svinji-i-vo-rusevini-10

Нејзините перформанси се секогаш поврзани со кожата, но некои тоа го толкуваат како само обид за сензација преку лесна еротика.

Погледнете го нејзиното капење во кал во екстремно ладна разрушена визба и дел од престојот со свињите, па проценете сами.

З. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...
Родители споделуваат морничави работи што ги кажале и направиле нивните деца „Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневна...
Подароци кои не треба да им ги купувате на најблиските (и што да изберете наместо тоа) Предмети за домаќинството, спортски реквизити или вага за мерење... Што да им по...
6 луѓе кои ќе беа шампиони ако мрзеливоста беше спорт „Сопругот секогаш ги остава валканите чорапи кај ќе стигне, а кога ќе се исперат...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Сијамски корнишони, пиперки без семка: 14 необични работи кои луѓе си ги нашле во градината Од цветови во две бои, до испреплетени плодови и џиновски растенија - луѓе споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg