10 работи кои треба да ги направите секоја година
Пред да започне празничната еуфорија и потполно да се препуштите на уживање, ова е потсетникот на работите кои треба да ги направите секоја година.
Проверете дали нешто сте пропуштеле и завршете го побрзо.
1. Систематски преглед.
2. Контрола на видот и здравјето на очите.
3. Посета на забар.
4. Чистење на плакарот, отстранување на малите и неупотребливи парчиња облека и нивно донирање.
5. Направете генерално чистење низ дома.
6. Да купите две нови кошули за на работа.
7. Средете го компјутерот и сите непотребни фајлови.
8. Детално чистење на автомобилот од надвор и внатре.
9. Редовен годишен сервис на автомобилот.
10. Проверете ги документите и ако некои истекуваат скоро закажете си термин за нивна замена.