Низ илустрации: 10 работи што ги прават продавачите, а го вадат од такт секој купувач

Иако продавачите не се тие што ја избираат облеката што се продава во дуќаните, можат да бидат љубезни кога им барате некое парче во поголем број. Многупати се случило кога некоја жена бара XL или XXL, да добие одговор дека таму се продава облека само за слабички.

10-frazi-shto-gi-kazhuvaat-prodavachite-a-koi-go-izluduvaat-sekoj-kupuvach-niz-ilustracii-01_copy.jpg

Во некој идеален свет, продавачот ќе го ислуша купувачот и ќе му помогне да го одбере вистинскиот производ или она што го сака.

Во реалноста, повеќето продавачи ќе се обидат да ви продадат нешто што не ви треба или ќе ви кажат дека некое парче облека ви стои одлично, дури и кога не е така.

Па многупати, разочарани, си одите од некој дуќан и си велите дека никогаш повеќе нема да се вратите таму.

Кои работи за продавачите се секојдневие, а купувачите ги мразат?

1. Зошто продавачките претпоставуваат дека секоја жена сака да изгледа како девојче?

Можеби е задоволна со изгледот што го има за возраста и не сака да личи на 16-годишна тинејџерка.

Понекогаш стереотипите знаат да бидат многу непријатни.

10-frazi-shto-gi-kazhuvaat-prodavachite-a-koi-go-izluduvaat-sekoj-kupuvach-08.jpg

2. Тоа што некои купувачи бараат одреден производ, не значи дека и вам ви се допаѓа или ви одговара поради цената.

А упорното убедување на продавачите дека тој производ мора да го имате, ќе ве натера да излезете од продавницата без да го купите и тоа што ви треба.

10-frazi-shto-gi-kazhuvaat-prodavachite-a-koi-go-izluduvaat-sekoj-kupuvach-06.jpg

3. Сите жени не носат чевли број 38.

Некои имаат поголеми стапала, но тоа не значи дека треба да бараат патики во машкиот оддел.

10-frazi-shto-gi-kazhuvaat-prodavachite-a-koi-go-izluduvaat-sekoj-kupuvach-10.jpg

4. Луѓето кога одат во продавница обично имаат конкретен план што им треба и во колкава количина.

Па, ако побарате 1kg месо, очекувате да добиете 1kg, а не 1,6kg.

Зошто да давате повеќе пари за месо, а за сметка на тоа да не купите нешто друго, бидејќи имате ограничен буџет?

10-frazi-shto-gi-kazhuvaat-prodavachite-a-koi-go-izluduvaat-sekoj-kupuvach-15.jpg

5. Некои продавачи, особено во деловите за бела техника или технологија, не се доволно запознати со карактеристиките на производот.

Па, наместо да купите тука машина, телевизор или лаптоп, сигурно ќе отидете на друго место каде што продавачот ќе знае да одговори на вашите прашања.

10-frazi-shto-gi-kazhuvaat-prodavachite-a-koi-go-izluduvaat-sekoj-kupuvach-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg