Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Необичен феномен: Семејство од Турција оди на раце и нозе, наместо исправено

Во руралниот дел на јужна Турција има семејство чие членови не одат исправено, туку на раце и нозе. Експертите дебатираат која е причината за ова, а повеќето сметаат дека станува збор за синдром кој предизвикува проблеми со рамнотежата.

neobichen-fenomen-semejstvo-od-turcija-odi-na-race-i-noze-ne-e-poznata-prichinata-zoshto-01.jpg

Семејството Улас од Турција е познато по навистина необична карактеристика – дел од членовите одат на сите четири, како што се движат мајмуните.

Семејството, кое живее во рурална област во јужна Турција, првпат го привлече вниманието на јавноста во 2006-та, откако телевизијата BBC објави документарец за нив.

Во документарецот, но и по неговото објавување, бројни експерти дебатираат зошто семејството ја има оваа карактеристика.

24-24-GeneticFactor.width-990_7LIHzaK.jpg

Некои сметаат дека станува збор за ген кој е одговорен за начинот на одење, а некои веруваат дека станува збор за синдром или нарушување.

Сепак, бројни експерти истакнуваат дека досега не е пронајден ген кој е одговорен за исправеното одење, па семејството донекаде претставува мистерија.

neobichen-fenomen-semejstvo-od-turcija-odi-na-race-i-noze-ne-e-poznata-prichinata-zoshto-02.jpg

Семејството го сочинуваат мајка и татко, како и 19 деца кои денес се возрасни. Едно од нив починало. Пет од децата имаат пречки во развојот и тешко им е да одат исправени.

neobichen-fenomen-semejstvo-od-turcija-odi-na-race-i-noze-ne-e-poznata-prichinata-zoshto-06.jpg

Иако постојат луѓе кои се скептици, експерти велат дека дланките на членовите од семејството се груби, што е доказ дека ги користат при одењето.

Освен тоа што се груби, нивните дланки се развиени како кај секој човек и можат да ги користат најнормално.

Бидејќи уште од најрана возраст оделе на сите четири, денес за нив е практично невозможно да се исправат.

neobichen-fenomen-semejstvo-od-turcija-odi-na-race-i-noze-ne-e-poznata-prichinata-zoshto-05.jpg

Наводно, со растењето, кај некои деца се развила состојба која предизвикува проблеми со рамнотежата.

Оваа состојба е наследна, па се верува дека затоа децата се адаптирале да одат на сите четири наместо исправени.

Сепак, малку е познато за синдромот и што точно што предизвикува.

neobichen-fenomen-semejstvo-od-turcija-odi-na-race-i-noze-ne-e-poznata-prichinata-zoshto-07.jpg

Истовремено, сосема возможно е состојбата со рамнотежата да им се влошила бидејќи родителите не ги поттикнувале да одат исправено во периодот кога учеле да одат. Ова, секако, имало влијание врз нивниот развој.

Во документарецот на BBC, експертите се согласуваат дека досега не го забележале овој феномен на друго место, како и дека можеби нема да се појави никаде на друго место.

Во меѓуврме, децата добивале помош од физиотерапевт и бил забележан напредок.

neobichen-fenomen-semejstvo-od-turcija-odi-na-race-i-noze-ne-e-poznata-prichinata-zoshto-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Фото-докази дека Турција е земја полна со изненадувања Во Турција се пие ајран со секој оброк, а на пазар наместо семки, можете да купи...
Популарни трендови за кои подоцна младите (сигурно) ќе зажалат „Родители што им даваат на децата да користат интернет и технологија без никаков...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg