Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Видео што ќе ве стопи: Девојче со многу љубов ја храни сестричката со аутизам

„Имам син со аутизам, па затоа се плашам да родам второ дете, но ова видео ми влева надеж“, „Колку голема љубов и среќа на нивните лица. Го гледам видеото неколкупати и солзите сами ми доаѓаат“ - видео во кое постарата сестра ја храни помалата сестричка која има аутизам предизвика многу емоции.

devojche-shto-ja-hrani-sestrichkata-so-autizam-gi-topi-srcata-video-01.jpg

Деновиве на социјалните мрежи се споделува видео кое ќе ве стопи – девојче со многу љубов ја храни својата помала сестра која има аутизам.

Видеото го објави нивната мајка на Инстаграм и ТикТок.

„Кога имаш аутизам, а постарата сестра ти помага да ја држиш лажицата за да јадеш полесно. Ова е преслатко“ – напиша мајката.

devojche-shto-ja-hrani-sestrichkata-so-autizam-gi-topi-srcata-video-02.jpg

На видеото коментираа многу луѓе кои и самите имаат деца со аутизам и со многу емоции коментираа за блискоста меѓу девојчињата и нежноста со која постарата сестра се грижи за помалата.

„Имам син со аутизам, па затоа се плашам да родам второ дете, но ова видео ми влева надеж“,

„Колку голема љубов и среќа на нивните лица. Го гледам видеото неколкупати и солзите сами ми доаѓаат“, пишува во коментарите.

Мајката, пак, која го уредува Инстаграм профилот Happyhandswith_hallie, постојано објавува видеа и фотографии од своите ќерки и сака да ја зголеми свеста за аутизмот.

Таа покажува и кои се првите знаци по кои родителите може да откријат дали нивното дете има аутизам, но и предизвиците и пречките со кои се соочуваат.

Сестрите и браќата на децата со потешкотии во развојот се нарекуваат „стаклени деца“ бидејќи и тие самите се соочуваат со тешкотии и растат побрзо, бидејќи и самите имаат голема улога во одгледувањето на својот брат или сестра.

Погледнете го емотивното видео:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Збунувачки фотки што треба да ги погледнете двапати за да ви станат јасни Многу реалистичен графит, куче кое изгледа како да има многу долг врат… Многу...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Емотивни фотки: Дечиња без родители на кои им се исполнила најголемата желба - да бидат посвоени Сингл маж кој посвоил девојче со Даунов синдром, пар кој посвоил пет браќа и сес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg