Најповлечениот милијардер, второто најбогато семејство на светот: Кои се богаташите што се „кријат“ од јавноста?
Семејството Марс
Можеби не го знаете семејството Марс, но сигурно ги сакате нивните производи.
Нивната империја стои зад брендовите како M&M’s, Snickers, Twix и Dove.
Со богатство од 160 милијарди долари, минатата година семејството беше прогласено за второто најбогато во светот.
Тие ретко се појавуваат во јавност, но не ги кријат нивните идентитети бидејќи сметаат дека светот сака да знае кој стои зад омилените продукти.
Исак Перлмтер
80-годишнито бизнисмен се збогати со производство на акциони фигури, а во 2005-та стана извршен директор на Marvel Comics.
Неговото богатство се проценува на 4 милијарди долари.
Во долгогодишната кариера, Исак многу ретко е забележан во јавност.
Всушност, постојат гласини дека во 2008 година присуствувал на премиерата на Iron Man маскиран.
Според луѓе кои се блиски до него, тој бил многу срамежлив и затоа се држи настрана од јавноста.
Семејството Рејман
Едно од најбогатите семејства од Германија е сопственик на конгломерат кој поседува брендови како Krispy Kreme, Pandera и Peet’s Coffee.
Четворицата членови на семејството имаат по околу 5,4 милијарди долари.
Иако се држат настрана од јавноста, во 2019-та завршија во светските медиуми откако донираа 10 милиони евра во добротворни цели.
Причината за хуманиот гест беше тоа што беше разоткриена нацистичката историја на семејството.
Спирова С. | Црнобело