Такси возило, ресторанско мени: Места кои изгледаат чисто, но имаат повеќе бактерии и од тоалетот
Продавниците, но и некои ситници во домот можеби изгледаат чисто, но на нив сепак има многу бактерии.
Некои места во домот, но и надвор, навидум се многу чисти. Но, бидејќи ги допираат многу луѓе, во текот на денот лесно се акумулираат бактерии.
Ова не значи дека треба да ги избегнувате овие места. Туку, едноставно, дезинфицирајте ги рацете и држете ги понастрана од лицето.
Места на кои може да има повеќе бактерии и од тоалет:
Кујна
Сунѓерот е совршена околина за развој на бактерии поради влагата, но и фактот што со него ги чистиме валканите садови.
Истото важи и за даската за сечење на која лесно можат да се соберат бактерии во пукнатините.
Тука е и шпоретот кој секогаш го допираме кога готвиме, како и чешмата.
Затоа е важно да ги дезинфицирате овие делови од кујната, а сунѓерот и крпата секогаш оставајте ги на место каде што ќе можат да се исушат целосно.
Предмети кои не ни помислуваме да ги исчистиме
Има предмети во домот кои ги користиме секојдневно, но обично забораваме да ги дезинфицираме.
Овде спаѓаат прекинувачи за светилки, кваки и врати, далечински управувачи, полначи…
Па, не заборавајте одвреме-навреме да ги исчистите.
Лични предмети
Личните предмети како клучевите, личната карта, паричникот, телефонот исто така се места на кои се акумулираат многу бактерии бидејќи неретко ги допираме со нечисти раце.
Јавен превоз
Секој ден во градските автобуси се качуваат илјадници луѓе, па јасно е зошто во нив има многу бактерии.
Ова важи и за такси возила, авиони и други средства за превоз што ги користат многу луѓе.
Па, препорачливо е кога се возите во нив да не го допирате лицето, а откако ќе излезете да ги дезинфицирате рацете.