„И на твоја глава“, „Дојди да те запознам со тетките“ - Што најмногу ги нервира Македонците на свадби и детски родендени?

А тебе кога ќе те жениме/мажиме?“, „Ти поминуваат годините, ајде кога ќе имаш деца?“... Многу луѓе да можат би ги избегнале и свадбите и детските родендени - поздравувањето со гостите, сечењето торта, играњето оро, дружењето со роднини со кои се гледаме еднаш во три години (па и повеќе).

dojdi-da-te-zapoznam-so-tetkite-i-na-tvoja-glava-shto-najmnogu-gi-nervira-makedoncite-na-svadbi-i-detski-rodendeni-01.fw.png

Дали ви пречат прашањата од типот: „А тебе кога ќе те жениме/мажиме“, „Ти поминуваат годините, ајде кога ќе имаш деца“? Признајте, не можете да останете рамнодушни на ваквите коментари.

Некои работи поврзани со свадбите и детските родендени, едноставно, ве вадат од такт.

Ги прашавме Македонците преку анкета на Инстаграм што најмногу ги нервира кога одат на свадби и детски родендени.

Прочитајте, па кажете ни дали се сложувате со нив? Што ве нервира вас?

Дел од одговорите:

1. Ако нема пирошки на свадба!

2. Ме нервира кога почнуваат да ме прашуваат кога јас ќе правам свадба и дали планирам деца.

3. Луѓето што не се веселат – зошто се тогаш дојдени на свадбата?

4. Децата што „кенкаат“, плачат на цел глас, трчаат наоколу и им пречат на другите гости.

5. Кога ќе ми речат „Дојди да те запознаам со тетките“.

6. Лицемерието на некои луѓе дојдени на свадбата/роденденот.

7. Ме нервира кога невестата или мајката на детето што слави роденден ќе излезе надвор со цигарата в рака.

dojdi-da-te-zapoznam-so-tetkite-i-na-tvoja-glava-shto-najmnogu-gi-nervira-makedoncite-na-svadbi-i-detski-rodendeni-02.jpg

8. Ме нервира тоа што сите жени ме прашуваат како се средени.

9. Што се трошат пари за небитни работи.

10. Вриштењето на децата и роднините со прашање: „А ти што чекаш“?

11. Кога некоја личност се мести на сите фотографии, како без неа да не може да помине фотографирањето.

12. Мразам да одам и на свадби и на детски родендени.

13. Тоа што со часови мислиш што да облечеш, а потоа седнуваш на маса и со часови се досадуваш.

14. Ме нервира поздравувањето со сите гости.

15. Кошмар ми е кога ќе речат „Ај, па и на твоја глава“.

16. Ме нервираат невоспитаните деца и родителите што се прават дека не ги забележуваат.

17. Фотографирањето со цели фамилии.

18. Кога не им се битни луѓето што им доаѓаат, туку подароците што ги добиваат.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg