8 изненадувачки знаци дека сте (многу) поинтелигентни отколку што мислите

Дали имате навика да грицкате нокти? А, дали често ви се случува да заборавате ситници, како каде сте го оставиле клучот од автомобилот? Сето ова можат да бидат знаци дека сте многу поинтелигентни отколку што мислите.

8-iznenaduvachki-znaci-deka-ste-mnogu-pointeligentni-otkolku-shto-mislite-01.jpg

Знаевте ли дека, генерално, луѓето кои се натпросечно интелигентни не се сметаат за такви?

Ова значи дека ако имате многу висока интелигенција, веројатно не верувате во тоа.

Сепак, доколу се препознаете во следните знаци, не е далеку од вистината да сте дури и генијалец:

Често ви е досадно

Луѓето со висока интелигенција имаат повеќе знаење и вештини. Поради ова потребен им е предизвик и честопати им е досадно, особено кога треба да се фокусираат на монотони обврски.

Се чувствувате помладо од вашите години

Интересно е што интелигентните луѓе неретко се чувствуваат „помладо во душа“ отколку што е нивната возраст.

8-iznenaduvachki-znaci-deka-ste-mnogu-pointeligentni-otkolku-shto-mislite-04.jpg

Имате егзистенцијални кризи

Интелигентните луѓе настојуваат да си поставуваат прашања како „Зошто сме тука“ или „Која е смислата на животот“.

Бидејќи, за жал, немаме одговор на овие прашања, тие одвреме-навреме чувствуваат егзистенцијални кризи.

Тешко создавате емотивни врски

Луѓето со натпросечен коефициент на интелигенција доста често се чувствуваат неразбрано од својата околина.

Поради ова, навистина им е тешко да се отворат и да се зближат со некого.

8-iznenaduvachki-znaci-deka-ste-mnogu-pointeligentni-otkolku-shto-mislite-03.jpg

Грицкате нокти

Некои истражувања покажале дека луѓето со висока интелигенција се посклони кон лоши животни навики, а доста често чувствуваат и повеќе стрес.

Поради оваа комбинација, голем дел од генијалците имаат навика да си ги грицкаат ноктите.

Заборавате ситници

Можеби мислиме дека многу интелигентните луѓе не забораваат ништо, но ова не важи за ситници.

Доста често им се случува да заборават каде ги оставиле клучевите, да заборават некоја обврска низ домот и слично.

Обично нивниот ум е преоптоварен со поважни животни прашања, па настојуваат да ги игнорираат ситниците.

8-iznenaduvachki-znaci-deka-ste-mnogu-pointeligentni-otkolku-shto-mislite-02.jpg

Можете да го контролирате гневот

Интелигентните луѓе си даваат време да размислат пред да изреагираат бурно, бидејќи секогаш мислат и на последиците.

Не сметате за интелигентна личност

Одлика што им е заедничка на повеќето интелигенти луѓе е самокритичноста.

Тие имаат превисоки, па и нереални очекувања од себе кои не секогаш успеваат да ги исполнат.

Поради ова, повеќето не се сметаат себеси за натпросечно интелигентни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg