Милиони рози, фустани вредни илјадници евра: Деталите за најскапите свадби на светот

Венчаници кои чинат цело богатство, прослава на крузер, илјадници гости - ова се само дел од луксузните детали на најскапите свадби на сите времиња.

milioni-ruzi-fustani-vredni-iljadnici-evra-detalite-za-najskapite-svadbi-na-svetot-01.jpg

Еден од најважните моменти во животот за многумина е токму свадбата. Некои сакаат да слават помпезно, раскошно и галантно, а некои знаат и да претераат.

Некои луѓе веруваат дека самиот чин создава посебна атмосфера, која подoцна има огромно влијание врз животот на семејството. Односно, колку е подобра вашата свадба, уште толку подобар ќе биде вашиот брак.

Веројатно како резултат на ова, паровите и нивните родители кои можат да си дозволат се подготвени да потрошат милиони долари за еден ден.

Или, пак, можеби сепак станува збор само за его и желба да се направи најскапата свадба досега?

Колку чинеле некои од најскапите свадби во светот досега:

1. Свадбата на Грејс Кели и принцот Рение

За почеток, принцот Рение ѝ подарил на Грејс Кели веренички прстен од 10,47 карати со дијамант вреден милиони. 

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-02.jpg

Иако нема податоци за вкупните трошоци за свадбата на кралската двојка, Harper's Bazaar објави дека венчаницата на Кели, која се состоела од 90 метри квалитетна свила и 20 метри тафт, чинела околу 8.000 долари во 1956 година. Со инфлација, тоа би биле над 100.000 долари денес.

Двојката за време на нивниот меден месец крстарела со јахта седум недели.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-03.jpg

2. Свадбата на Санџај Хиндуџа и Ану Махтани

Индискиот милијардер Санџај Хиндуџа чие семејство е едно од најбогатите во Велика Британија со богатство проценето на 11.9 милијарди фунти, се оженил за својата долгогодишна девојка Ану Махтани.

Свадбата била во индискиот град Удаипур. Биле поканети 16.000 гости, меѓу кои и големи боливудски познати личности.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-04.jpg

Сите кои присуствувале на церемонијата биле пречекани на аеродромот со луксузни BMW автомобили и однесени во палатата на островот Пиколо, каде што се одржала тридневната венчавка.

На церемонијата настапувале Џенифер Лопез и Никол Шерцингер. Вкупната цена на настанот изнесувала 23 милиони долари.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-20.jpg

3. Свадбата на Адел Сајан и Сана Кан

Богат пар од Дубаи се одлучил да ја прослави својата венчавка на брод за крстарење со цел нивните гости да уживаат во свадбените активности на некои од најексклузивните локации.

Церемонијата започнала со веридба во палатата Емирати во Абу Даби, а гостите ги забавувале боливудски изведувачи веднаш штом се качиле на бродот за крстарење. Секој гостин добил своја соба за престој како во хотел од 5 ѕвезди.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-06.jpg

Бродот крстарел покрај брегот на Барселона, како и други локации во Шпанија, но и Франција и Италија.

Младенците внимателно ја одбрале облеката за секое излегување пред гостите бидејќи забавата траела неколку дена. Целата прослава чинела околу 27 милиони долари.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-05.jpg

4. Свадбата на Меган Маркл и принцот Хари

Според пишувањата на медиумите, свадбената церемонија на Меган Маркл и принцот Хари беше проследена од 1.9 милијарди луѓе ширум светот, а чинеше 43 милиони долари.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-05_copy.jpg

Невестинскиот фустан чинеше околу 400.000 долари, а приближно исто толку беа потрошени за храна и музика во живо.

Кралската свадбена церемонија всушност чинеше „само“ 3 милиони долари, а останатите 40 милиони беа дадени за полицијата, обезбедувањето и опремата за да се осигура безбедноста на гостите на кралската свадба.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-08.jpg

5. Свадбата на Брахмани Реди и Раџeв Реди

Брахмани Реди е единствената ќерка на Гали Џанардханa Реди, поранешен индиски политичар и рударски магнат, а се омажила за Раџeв кој е син на индустријалецот Викрам Дева Реди. Семејството на младоженецот поседува рудници за злато и дијаманти во Африка.

Индискиот милијардер сакал на својата ќерка Брахмана да ѝ подари една од најскапите индиски свадби во светот и бил подготвен да потроши секаква сума пари за да го направи денот спектакуларен.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-09.jpg

Наместо хартиени покани, гостите добиле позлатени LCD екрани, а церемонијата била надгледувана со напреден безбедносен систем. Познати личноти настапувале во живо и свадбата траела 5 дена.

Севкупно, таткото платил 74 милиони долари.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-10.jpg

7. Свадбата на Принцот Чарлс и Дијана

Кога веќе зборуваме за раскошни свадби, мора да се спомене и најскапата британска свадба од минатиот век.

750 милиони луѓе ширум светот го следеа склучувањето на бракот меѓу принцот Чарлс и Дијана во 1981 година. Тие разменија завети во Катедралата Свети Павле во Лондон.

Над 600.000 луѓе беа собрани на улиците на Лондон за да ја видат церемонијата.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-11.jpg

Венчаницата на Дијана ја дизајнираа модниот дизајнер Дејвид Емануел и неговата сопруга Елизабет. Венчаницата која Дијана ја носеше чинеше 9.000 фунти (10.400 евра) во 1981-ва.

Во 2019 година истата беше проценета 151.000 фунти (173.900 евра) што ја прави една од најскапите венчаници во историјата.

На свадбата присуствуваа 3.500 гости, за кои беа направени 27 гигантски торти. Целиот настан чинеше 70 милиони долари, вклучувајќи ги венчаницата, храната за гостите и прстенот со цејлонски сафир.

https://www.instagram.com/p/CR5uF4nNzqU/

6. Свадбата на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон 

Свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се одржа во Катедралата Св. Петар во Лондон во 2011 година. Принцот Хари и сестрата на Кејт, Пипа, беа нивни кумови.

Само за обезбедувањето беа потрошени 24 милиони долари, додека за цвеќе беа потрошени 4 милиони.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-13.jpg

Гости беа многу познати личности, како Бекамови и Ели Голдинг која ја испеа песната за првиот танц на двојката.

8-milioni-beli-rozi-vo-salata-i-torta-od-4-metri-ova-se-detalite-za-najskapite-svadbi-vo-svetot-14.jpg

7. Свадбата на Фоларин Алакија и Назанин Џафарин

Фолоруншо Алакија, најбогатата жена од Нигерија, го оженила својот син со иранската убавица Назанин Џафарин, а венчавката се одржала во палатата Бленхајм во Оксфордшир.

Познатиот цвеќар Џеф Латам ја претворил салата и целиот комплекс во кој се одржувала венчавката во бело царство од соништата.

https://www.instagram.com/p/BVQHaPOlR40/

Освен милион бели рози, сè било надополнето со орхидеи.

На менито на за гостите имало 5 ексклузивни јадења.

Сѐ било подготвено од органска храна, овошје, зеленчук, јајца од гуска...

Свечената свадбена торта била висока речиси четири метри и била главна атракција со подеднакво раскошната цветна декорација направена од познат цвеќар. Сето ова чинело 6,4 милиони долари.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg