7 токсични однесувања кои (за жал) се сметаат за нормални

Ги омаловажувaат другите на социјалните мрежи само за да добиjат некој лајк плус... Ви го прават ли и на вас тоа?

7-toksichni-odnesuvanja-koi-za-zhal-se-smetaat-za-normalni-01_copy_copy.jpg

Живееме во време кога секој си дозволува да ни каже сè и сешто за секого, а таквото однесување во општеството е прифатено како нормално.

Време е да кажете „Доста е“.

Прочитајте кои се 7-те однесувања кои се сметаат за нормални.

Па, ако правите нешто од ова – престанете. Или, ако некој вам ви го прави истото, време е да се тргнете од нив и да најдете мир.

Кои се најтоксичните однесувања на луѓето?

1. Ги нарекуваат луѓето околу себе „здодевни“ ако не сакаат луди забави до раните утрински часови. Или, им велат дека не знаат како да се забавуваат, ако тоа не вклучува алкохол.

2. Споделуваат цитати за добрина на социјалните мрежи, а во вистинскиот живот се ужасно лоши со луѓето околу себе.

3. Сите очекуваат дека треба да одговорите на нивната порака веднаш штом ќе ви ја испратат или штом ја видите.

7-toksichni-odnesuvanja-koi-za-zhal-se-smetaat-za-normalni-02.jpg

4. Некои луѓе се сурово искрени и тоа го нарекуваат конструктивна критика.

5. Ги озборуваат сите што ги знаат, дури и најблиските.

6. Ги омаловажуваат другите на социјалните мрежи само за да добијат некој лајк плус.

7. Не го прифаќаат фактот дека некои луѓе поминале низ траума, бидејќи познаваат други на кои им било многу полошо.

Извор

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg