За оние кои веруваат
Ќе зборувам за луѓето кои ја изгубиле сета надеж, за оние кои не се задоволни од она што го имаат, и само бараат нешто недостижно наместо да...
...бидат благодарни на она што веќе го имаат и истото да го чуваат.
Во ова видео ќе пронајдете деца чии срца чукаат сплотено како едно, а се обединети од една прекрасна жена која животот ја казнил за да не може да го има најмилото.
Но, сепак, таа не престанала, продолжила по таквиот пат, иако очајна и разочарана, таа не престанала да се надева и навистина после сета таа темнина Бог и ја покажал целата светлина, основала група со многу деца, кои ја виделе нејзината добрина и сега ја ословуваат со “Мамо”, а таа е неизмерно среќна.
Оваа година заедно учествуваа на “Америка има талент”, и го заслужија високото второ место. Уште еден доказ дека не е крај, секогаш можеш нешто да направиш.
Поука за сите да не застануваат на првата пречка и да не се откажуваат при најмалата тешкотија, затоа што кога-тогаш, тркалото на среќата ќе се сврти и животот ќе дојде на наша страна.
Сè ќе дојде на свое место, времето ќе го пронајде тоа место, а вие само треба да верувате.
Уживајте во прекрасната изведба на Silhouettes.
Подготвил: Никола Буџакоски