Не мора сите да знаат колку ве чинел одморот - зошто е подобро да си ја чувате приватноста?
„Ми ја покачија платата!“, „На работа ми е супер“, „Одиме на одмор во Италија две недели!“, „Моите дома се испокараа за имотот...“, „Бев на Малдиви за 4.000 евра.“ – колку често сакате да ги споделувате интимни работи со блиските и далечни пријатели?
Велат „каменот од близу доаѓа“ и не секој се радува на вашата среќа. Па, затоа има и повеќе причини зошто е подобро да си ги чувате интимните работи за себе.
1. Колку помалку споделувате работи од работното место и животот, толку помалку луѓето ќе бидат завидливи.
2. Ќе престанете да се грижите што мислат другите за вас и вашиот живот.
3. Нема да барате одобрение за вашите постапки.
4. Ќе живеете посреќно и помирно. Нема да има драматични моменти и ќе ги избегнете токсичните луѓе околу вас.
5. Ако сите ви се пријатели, тогаш имате проблем. Не можете да верувате никому.
6. Успех е ако си ја сочувате приватноста и не споделувате детали со секого. Ќе се чувствувате подобро со себе.
7. Ќе ви биде 10 пати полесно да ги направите работите за кои претходно сте барале одобрение од пријателите.
8. Приватноста ве прави независни и ве учи како да се поврзете со луѓето на подлабоко ниво.
9. Сите си заминуваат, порано или подоцна од нашиот живот. Ќе научите како да бидете сами и да не се чувствувате осамено.
10. Кога знаете да молчите, луѓето немаат начин да ве нападнат.
11. На луѓето не им е гајле за вас. Нив ги интересира само што можете да им понудите.
12. Колку помалку зборувате за вашиот личен живот, толку луѓето стануваат пољубопитни. Особено душебрижниците. Ќе ги забележите веднаш.
13. Никому нема да му должите објаснување за вашиот личен живот.
Е. П. | Црнобело / фото: Depositphotos; pexels