Нова социјална мрежа - Сојабук
Преку новата друштвена мрежа во Аргентина, членовите не лајкуваат и не споделуваат фотографии од семејството и пријателите, туку од своите...
...крави, ниви и од новиот модел на трактор.
Мрежата е наречена Сојабук (www.sojabook.com).
„СојаБук ги поврзува фармерито со нивните секојдневни потреби“ - вели 31 годишниот Мариано Торубиано, аргентински адвокат кој ја започнал оваа социјална мрежа пред еден месец.
За сега, Сојабук има скромни 1.000 корисници, но Торубиано се надева дека ќе пораснат и до 10.000. Корисниците разговараат на теми како што се трговијата со пченица, силосите, глобалните цени на робата, складиштење, транспорт...
Аргентинците се меѓу водечките производители на соја на светот, но и меѓу водечките корисници на социјални мрежи.