Кафе - за дружба и оговарање
Зошто пиеме кафе? Како една билка станала цивилизациски и културолошки феномен? Кафето претставува секојдневен ритуал за повеќе од 100 милиони...
...луѓе на светот, втор најтргуван производ на светот веднаш после нафтата и втор најпопуларен пијалак на светот, веднаш после водата.
Дневно на светот се пијат 1.400 милиони шољи кафе. На земјите производители, годишно им носи заработка од 30 милијарди евра.
Денес, кафето е неизоставен дел од нашиот начин на дружење, факт што го потврдува и фразата „ај да идеме на кафе“, која означува повик на дружење без оглед на фактот што кога сте излегле пиете сок, виски, вино, пиво – а не кафе!
Истражувањата потврдиле дека кафето помага во социјализацијата, со кафето повеќе зборуваме, но и повеќе оговараме.
Како се движите од Запад кон Исток, или од Север кон Југ, толку повеќе се оговара. Тоа е така затоа што на Исток и Југ кафето се пие седејќи, на тенане, додека на Запад и Север се пие на брзина, на нозе, на пулт.
На здравје кафе!