14 наши навики кои прават да бидеме несреќна и огорчена личност

Кажуваме „да“, кога сакаме да кажеме „не“. Трпиме многу, а потоа се прашуваме зошто си го уништуваме здравјето. Се согласувате ли?

14-naviki-vo-sekojdnevieto-koi-pravat-da-bideme-nesrekjna-i-ogorchena-lichnost-01.jpg

Убаво велат сами ја кроиме својата судбина и сигурно многупати во животот ви се докажало дека тоа е така.

Затоа сега е време да се ослободите од некои лоши навики кои не ви дозволуваат да бидете среќни.

Навики поради кои губиме сила и стануваме огорчени:

- Кажуваме „да“, кога сакаме да кажеме „не“.

- Се насмевнуваме, наместо да плачеме.

- Трпиме многу, а потоа се прашуваме зошто си го уништуваме здравјето.

- Молчиме кога ќе нè навредат, наместо да кажеме што ни пречи.

- Не си ја гледаме својата работа и се оптоваруваме со туѓи животи.

- Комуницираме со личности, кои нè нервираат.

14-naviki-vo-sekojdnevieto-koi-pravat-da-bideme-nesrekjna-i-ogorchena-lichnost-02.jpg

- Се дружиме со песимисти, кои на сè во животот гледаат црно.

- Постојано зборуваме за политика, хаотичниот сообраќај и несредените институции.

- Озборуваме.

- Судиме како живеат другите.

- Се задоволуваме со работење на работа која не нè исполнува.

- Постојано живееме во страв.

- Се критикуваме себеси и се сметаме за безвредни, неспособни и несреќни.

- Чекаме некој друг да дојде и да ни го промени животот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg