„Сфаќам дека сум стар/а затоа што мамурлакот ми трае повеќе од еден ден“
„Сфаќам дека сум стар/а затоа што имам страв дека моите родители стареат и мислата која ме застрашува е дека можам наскоро да ги изгубам“.
Стареењето е неизбежен дел од животот и иако знаците можеби нема да ги забележите веднаш, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека сè е некако поинаку и дека всушност сте остареле.
Луѓе на Reddit откриваат кој е мигот во кој го сфатиле тоа.
Исповеди на тема „Сфаќам дека сум остарел/а кога“:
„Се чудам додека ги слушам „глупавите“ разговори на тинејџерите во јавен превоз. Зарем и ние бевме такви кога бевме млади?“
„Имам страв дека моите родители стареат и мислата која ме застрашува е дека можам наскоро да ги изгубам“.
„Кога луѓето се нервираат за дождот, а јас сум мислам ‘Но, добар е за растенијата во дворот’...“
„Кога се нервирам дека луѓето не знаат што е тоа почит, дека се безобразни и не се грижат за другите“.
„Кога немам волја и инспирација за да правам ништо и кога си вршам притисок за да се јавам некому и да се дружам“.
„Кога ми се случува да сфатам дека сум најстарата личност во групата“.
„Кога ми изгледа како лудост да излезам после работа во работен ден“.
„Сега се подготвувам да си легнам во кревет, во времето кога започнував да се подготвувам за излегување“.
„Кога сфаќам дека сум алергична на негативност и драма и си мислам како животот е прекраток за губење време на такви работи“.
„Кога ќе излезам и се нервирам само што музиката е прегласна, светлата пресилни, некој ме гази и кога одлучувам да си одам, иако платив скапа влезница“.
„Кога мамурлакот од пијанство ми трае повеќе од еден ден“.
„Кога сфаќам дека никаде не ми е така убаво како дома во мојот кревет“.
„Кога сфаќам дека работите кои ми ги зборувале родителите сега имаат смисла“.
С. С. | Црнобело