Љубовен напиток
Студените денови се пред нас. Ви предлагаме топол љубовен напиток за да се загреете во секој смисол на зборот. Еве ги деталите како се подготвува...
Потребни состојки:
400ml млеко, 150g чоколадо за готвење, 2 кесички ванилин шеќер, половина кесичка цимет, чили пиперче, 2 лажици жолт шеќер, 100ml блага павлака, лажиче ликер од бадем, 2 лажичиња рендано чоколадо.
Подготовка:
Во млекото додајте го ванилиниот шеќер, жолтиот шеќери чили пиперчето, па загрејте ја смесата до вриење.
Додајте го искршеното чоколадо за готвење и мешајте на тивок оган додека чоколадото не се стопи.
Тргнете го од оган, по десетина минути извадете го пиперчето, а чоколадниот пијалак повторно загрејте го до вриење.
Пред да го сервирате пијалакот, измешајте го ликерот од бадем, украсете со изматена блага павлака и посипете со рендано чоколадо.
Веруваме дека ќе ви се допадне. Споделете го искуството!