8 психолошки трикови кои ќе ви помогнат да кажете „НЕ“, без да се чувствувате непријатно
Излажете, искористете шега, но бидете и директни ако сте соочени со неучтива личност – како да кажете „НЕ“, без чувство на вина?
Најчесто поради чувство на вина, многу луѓе не се осмелуваат да кажат „НЕ“.
Истовремено, некогаш луѓето прифаќаат да прават работи што не сакаат бидејќи мислат дека ако ги одбијат саканите, ќе ги повредат.
Но, секој од нас мора да научи да кажува „НЕ“, дури и ако тоа значи дека ќе навредиме некого.
Ако постојано им правите услуги на сите, тие ќе почнат да го злоупотребуваат ова.
Па, како да кажете „НЕ“, дури и кога не ви е пријатно?
1. Дајте си време за размислување. Ако не можете веднаш да одбиете, речете му на соговорникот дека ќе размислите. Потоа јавете му се или напишете му порака и одбијте го. Неретко е полесно да одбиете некого преку порака или повик. Секако, зависи и за каква ситуација станува збор.
2. Преземете иницијатива. Ако некој ви побара услуга, речете дека ќе му помогнете, но само ако тој ви помогне во нешто. Во повеќето случаи, луѓето сами ќе престанат да ви бараат услуги. Ова секако не важи доколку станува збор за нешто сериозно.
3. Излажете. Ако некој ви побара нешто, можете да кажете дека во консултација со партнерот, мора да одбиете. Генерално, ако си имате работа со неразумна личност, не двоумете се дали да излажете за да се заштитите.
4. Искористете шега. Ако, на пример, некој ви побара голема сума пари, пошегувајте се дека немате ни за себе. Ако инсистира, кажете уште некоја шега.
5. Однапред бидете подготвени. Сите познаваме барем една личност која при секоја средба ни бара некаква услуга. Па, ако очекувате да ја видите оваа личност, однапред смислете си го изговорот за одбивање.
6. Бидете искрени. Ова не значи дека сте должни да се правдате, туку најотворено кажете зошто кажувате „НЕ“. Не заборавајте дека вие имате свој живот и не сте должни да бидете достапни за сите во секое време.
7. Бидете директни. Ако некој инсистира, без разлика колкупати го добивате, бидете директни и кажете му дека претерува. Некогаш на некои луѓе им треба потсетник за да отстапат.
8. Понудете алтернатива. Кога одбивате некого, насочете го кон друга личност која може да му помогне.
Спирова С. | Црнобело