3 предлог филмови за викенд релаксација

3-predlog-filmovi-za-vikend-relaksacija-povekjeВремето се заладе, уморни сте од работа или колоквиумска недела, не ви се гужва по разните кафулиња/дискотеки, тогаш ви предлагаме да си...


...испукате пуканки да си пуштите филмче и да се релаксирате.

Ви издвоивме 3 лесни романтични комедии што ќе ви помогнат да се одморите од секојдневните грижи.

Crazy, Stupid, Love. (2011)

3-predlog-filmovi-za-vikend-relaksacija-1Добриот и посветен сопруг Кал, добива клоца во газот кога сопругата ќе му соопшти дека имала афера и дека сака развод.

Покрај срамот што го чуствува затоа што не ја задоволувал сопругата доволно (тука читај роговите му натежнале), и грижата кон децата, неговиот живот продолжува понатаму.

Но, тој има проблеми во пронаоѓањето девојка...

Поминале неколку декади од неговото последно додворување, светот се сменил и не може да си го најде местото помеѓу неженетите и немажените. Во тоа ќе му помогне Џејкоб. Младиот и прекрасен, секси заводник Џејкоб.

Тука ќе престане моето раскажување и ќе ве оставам да уживате. Иако на почеток ова изгледа како клише сценарио, ќе бидете изненадени од глумата на актерите, модерниот осврт на приказната и чувствата што се прикажани.

Во улогата на Кал е Стив Карел (Office,Date Night), Julianne Moore, Ryan Gosling (The Notebook), Emma Stone (Easy A), Marisa Tomei, Kevin Bacon.

Ако ова не ви беше доволно да ве убеди да го гледате филмот, само ќе ви кажам дека една сцена Ryan Gosling се појавува полугол. ;-)


Horrible Bosses (2011)

3-predlog-filmovi-za-vikend-relaksacija-2
Тројца пријатели Ник, Курт, Дејл, и нивните шефови, кој од кој поненормален. Шефот на Ник, кој го глуми Кевин Спејси, е корпоративен психопат, го тера Ник да работи од зора до мрак, го уценува и ги присвојува неговите заслуги.

Курт е медицинска сестра во стоматолошка ординација и живее како во лош порно филм. Постојано е сексуално малтретиран и уценуван од неговата шефица што ја глуми Џенифер Анисон.

Шефот на Дејл, го глуми Колин Фарел, недозреано, себично, наркоманско копиле што сака да ја погреба фирмата вклучувајќи го Дејл.

Тројцата заговараат да си ги убијат шефовите меѓусебно, како полицијата не би поврзале убиствата со нив.

Расплетот е комичен и мора да го погледнете...

Главните улоги се Jason Bateman (Arrested Development, Couples Retreat), Charlie Day (It's Always Sunny in Philadelphia), Jason Sudeikis (Hall Pass).


The Change-Up (2011)

3-predlog-filmovi-za-vikend-relaksacija-3Двајца најдобри другари. Едниот е женет со деца, работа, хипотека и сè што носи вистинскиот живот на одговорен возрасен човек.

Другиот е неуспешен актер, пропалица, живот полн со девојки за една ноќ, без никанва одговорност во светот.

Како што бива во ваквите филмови, после една луда пијана вечер, уринирајќи во фонтаната гласно фантазираат како би било подобро да го имаат животот на другиот. Фонтаната магично ги слушна и следното утро двајцата се будат во телото на другиот.

Во текот на следните неколку дена пробуваат да го зачуваат животот на другиот, но не успеваат во тоа.

Се случуваат фантастично луди ситуации кои ќе ве насмеат, а крајот на филмот ке ве натера да си ги преиспитате приоритетите во животот.

Главните улоги се на Ryan Reynolds (The Proposal), Jason Bateman.

Подготвил: Т.И.

Би можело да ве интересира:

13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стока...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Направете нешто смешно со фоткава“ - Кога Фотошоп генијалци сериозно ќе си ја сфатат работата „Може ли некој да го тргне мојот бивши од фоткава?“ - луѓе на Редит бараат од пр...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Предмети и продукти за кои вреди да дадеме повеќе пари (корисни се) Робот правосмукалката ќе ви заштеди многу време, а квалитетниот полнач за телефо...
6 луѓе откриваат кои се најголемите тајни што ги кријат од саканите „Со клуч намерно му го изгребав автомобилот на сопругот, а тој и ден-денес е убе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg