Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 кратки приказни кои се доказ дека еден убав гест разубавува живот

„Неодамна станав самохрана мајка. Во продавницата моето дете сакаше играчка. Ја зеде и кога стигнав на каса сфатив дека немам пари, а го немам и човекот до мене, на кој сум навикната и од кого можам да побарам пари...“

3-kratki-prikazni-koi-se-dokaz-deka-eden-ubav-gest-razubavuva-zhivot-01.jpg

Понекогаш малите работи прават голема промена, па така кога сме тажни, само еден мал и добар гест од страна на некој може да ни симне товар од срце.

Луѓе на Reddit споделуваат такви приказни, како некој со мал гест им разубавил ден.

Неколку емотивни приказни:

„Беше вечерно време, се возев во јавен превоз. Сите беа потонати во мислите и со сериозни лица. И тогаш дојде еден дечко...

Тој пристапи до секој патник и на сите им кажуваше по нешто, а секој му се насмевнуваше. Мене ми кажа дека имам многу убава коса, а на девојката до мене дека очилата совршено ѝ прилегаат.

На секој му упати комплимент, а веќе на следната станица луѓето се гледаа еден со друг и се насмевнуваа“.

„Неодамна станав самохрана мајка. Во продавницата моето дете сакаше играчка. Ја зеде и кога стигнав на каса сфатив дека немам пари, а го немам и човекот до мене, на кој сум навикната и од кого можам да побарам пари...

Тогаш ми пристапи еден маж нудејќи ми пари и ми кажа 'Најверојатно, тазе разведена? Не грижи се, ќе стане полесно со текот на времето' и овие зборови останаа врежани во мене.

Дури и кога имам лош ден, се сеќавам на овие зборови“.

„По тешка разделба на долгогодишна врска, ми пукна гума додека возев. Застанав покрај патот, ја ставив главата на воланот и плачев.

Во тие мигови се чувствував неутешно и тогаш сфатив дека некој ми чука на прозорецот.

Велосипедист застанал да ми помогне. Откако ми ја смени гумата, виде дека не се чувствувам најдобро и ме покани на кафе и пијалак. Направи сè што беше во негова моќ за да ме насмее“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg