Зошто ја сакаме есента?

zosto-ja-sakate-esenta-povekjeЕсента си има своја убавина. Факт е дека треба да уживаме во секој нов ден, па така и во секој нов есенски ден. Без разлика на тмурните утра...


...и студените ноќи, постојат и убави моменти кои не врзуваат за ова годишно време.

Пробавме да издвоиме неколку, ќе ни биде драго да не дополните со вашите причини зошто ја сакате есента:

zosto-ja-sakate-esenta

1. Се радуваме на секој сончев зрак затоа што знаеме дека може да биде последен оваа сезона. А, нема поголема радост од малку Сонце во тмурен есенски ден кое го користиме за дневно кафе со пријателите иако изнаоблечени со капути и јакни.

2. Кога е тмурно наутро за време на викенди слатко продолжуваме да спиеме до подоцна без да ни биде криво дека сме пропуштиле сончев ден и прошетка.

3. Го започнуваме утрото со топло кафе или топол чај и уживаме во нивната миризба и вкусни колачиња додека си ги топлиме рацете од шољата.

4. Нема поубава прошетка од онаа во есенските денови. Жолто – златни лисја наоколу даваат смирувачко чувство во душата и дневна инспирација. Звукот на лисјата под нозете, шушкањето на ветрот, приказните кои тие ги раскажуваат...

5. Заради салеп и варено вино. Совршени се за овие студени есенски денови. И кога сте сами и опуштено си седите покрај каминот, не правејќи ништо, само набљудувајќи го огнот како пламти, но и кога сте со саканите и пријателите.

6. Мирисот на костени кои ги печат врвните мајстори низ градот.

7. Печената тиква подготвена од баба, топло сервирана на масата кога ќе се вратите дома од работа/училиште/факултет.

8. Моментот кога ќе го отворите прозорецот од собата пред спиење и влегува чист воздух со благ мирис на снег.

9. Велат дека есента е најубавото годишно време во кое може да уживате во љубовта. Споделувајте ги моментите заедно, бидете еден покрај друг, бидете дел од романтичниот период во годината.

Зошто вие ја сакате есента?

Би можело да ве интересира:

Пророштва на Нострадамус за кои се верува дека се исполниле Доаѓањето на Адолф Хитлер, но и атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се само д...
Јадење пепел од кремирано тело и уште 7 луди обичаи од земјите ширум светот Повеќето гробишта во Данска се направени како паркови, па луѓето ги посетуваат р...
Британка го имитира стајлингот на ѕвездите: Со чаршав и селотејп го направи фустанот на Тејлор Свифт... Фустанот на Тејлор Свифт од Греми 2024 го направи од чаршаф и исечоци од модни с...
10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години Топлотните бранови во Европа, но и бурата што лани зафати делови од Грција и Буг...
Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства Џеки Кенеди била „вплеткана“ во две проколнати семејства – Кенеди на нејзиниот у...
10 вкусни традиционални појадоци од земјите ширум светот Популарниот турски појадок кој вклучува намирници како маслинки, јајца и зеленчу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg