Проголтај и замирисај
Парфем во таблета е дело на најновата технологија. После проголтување на апчето, тоа се растопува во организмот и корисникот набрзо...
...преку потта ослободува пријатен мирис, својствен само за него.
Телото станува распрснувач на мирисот, а парфемот настанува како дел од природен процес. На кожата останува златникав отсјај, а интензитетот на мирисот зависи од температурата, реакцијата на стрес, но и сексуалното возбудување.
Мирисната пилула сеуште е во фаза на истражување, а датумот кога ќе се појави на пазарот не е утврден.
Зад овој проект стои Луси Мекреј од Австралија, чија главна цел е потполно да го промени начинот на размислување на луѓето во поглед на шминката и иднината. Стручна поддршка и пружа биологот од Харвард – Шереф Менси.