„А ти кога ќе се разведеш?“ – Македонци откриваат како ги замолчуваат сите што ги прашуваат кога ќе се мажат/женат

Меѓу најнепријатните прашања што можат да ви ги постават роднините се: „Планираш ли да родиш дете, па веќе остаре?“ и „Кога ќе се мажиш/жениш?“.  Што им одговарате?

a-ti-koga-kje-se-razvedesh-i-ushte-11-odgovori-so-koi-kje-gi-zamolchite-site-shto-ve-prashuvaat-koga-kje-pravite-svadba-01.jpg

Повеќето од нас се нашле во ситуација некој роднина да ви постави непријатно прашање за вашиот живот: „Ќе се жениш? Планираш ли деца?“.

Зависно од тоа колку некој ви е близок, можете да решите да премолчите, само да се насмеете или да бидете груби - бидејќи веќе ви е преку глава да ве прашуваат за одлуките што ве засегаат само вас, а не и вашите блиски (или подалечни) роднини.

Направивме кратка анкета на Инстаграм и прашавме:

„Како им одговарате на блиските кога ќе ве прашаат дали имате намера да се мажите/жените“.

Во продолжение погледнете ги одговорите на анкетата...

1. Рано ми е.

2. Среќа веќе не прашуваат, кренаа раце од мене.

3. Да, имам!

4. Никогаш!!!

5. Ич да не се секирате за мене, мој живот – моја одлука.

6. Вие кога ќе се разведете?

7. Чекав вие да ми кажете за да ми текне дека треба да се мажам.

8. Геј сум, истополови бракови не се дозволени во Македонија.

9. Никогаш ли нема да престанете да ме прашувате кога ќе се женам?

10. Вие да не се замарате со тоа!

11. Уште ја чекам вистинската.

12. Не знаете? Па јас сум веќе две години во брак.

А како вие одговарате на ова прашање? Пишете ни во коментар.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg