Туристи од цел свет откриваат кои места веќе никогаш не сакаат да ги посетат – на листата е и Скопје

Корисник на Редит неодамна покрена дискусија меѓу луѓето од цел свет, кога го постави прашањето - „Кој град веќе никогаш не сакате да го посетите и зошто?“. На листата се најдоа повеќе европски и балкански градови, меѓу кои е и Скопје.

zoshto-vekje-nikogash-nema-da-go-posetam-skopje-turisti-od-cel-svet-otkrivaat-na-koi-mesta-vekje-ne-sakaat-da-se-vratat-01.jpg 

Откако корисник на Редит ги праша останатите корисници на оваа социјална мрежа во кој град веќе никогаш не би се вратиле, луѓето од цел свет почнаа да набројуваат места кои не им оставиле добар впечаток.

На списокот со стотици места се најде и Скопје, но и неколку други градови од околината.

Погледнете кои градови туристите не би сакале да ги посетат во иднина:

Скопје, бидејќи целиот град е циркуско шоу: стотици статуи расфрлани без никаква естетска смисла, многу е загадено бидејќи градот е во долина и нема воздушни струи кои ќе го исчистат воздухот.

А тука е и приказната како градот реши да увезе автобуси на два ката без да размислат дали тие можат да пројдат под некои од мостовите во градот“ – стои во описот за Скопје.

Comment
by u/Gourmet-Guy from discussion
in AskReddit

На списокот е и хрватскиот град Дубровник, но корисникот на Редит не ја напишал причината зошто веќе не сака да се врати таму.

Меѓу градовите што туристите не сакаат да ги видат пак се и Подгорица и Будимпешта.

„Во Будимпешта, архитектурата е прилично кул, па не жалам што ја посетив.

Додуша, градот ми изгледаше тажен.

Повеќето жители изгледаа како едвај да врзуваат крај со крај, а економската ситуација не се им подобрува.

Исто така, не сум обожавател на нивната сегашна влада“ - го опиша своето искуство во унгарската престолнина еден корисник на Редит.

Comment
by u/Gourmet-Guy from discussion
in AskReddit

Корисникот на Редит што веќе не сака да се врати во Подгорица, вели:

„Можеби во Подгорица ќе можете да си го исполните денот со различни активности.

Не можам да најдам замерки ни на нивната култура на седење во кафулиња или на нивниот ноќен живот. Сепак, сето тоа е малку здодевно“ - напиша човекот кој не е импресиониран од главниот град на Црна Гора.

Comment
by u/Gourmet-Guy from discussion
in AskReddit

Освен балканските земји, лоши критики од корисниците на Редит добија и Маракеш, Мадрид, Рим, Париз и други метрополи.

„Никогаш веќе не би се вратил во Братислава. Сум бил таму двапати и двата пати се соочив со премногу расизам.

Вториот пат добив смртна закана 15 минути по слетувањето“ - се пожали тој.

Comment
by u/Gourmet-Guy from discussion
in AskReddit

„Не беше туристичка сезона кога бевме во Рим, а таму беше хаос.

Премногу луѓе и навистина ми е жал, но Италијанците се груби.

Исто така, кога бев таму како осумгодишно дете, ја заглавив раката во вратата од автобусот, а возачот продолжи да вози додека врескав“ - коментираше за „вечниот град“ друг корисник на Редит.

Comment
by u/Gourmet-Guy from discussion
in AskReddit

Ни „градот на светлината“ не е по вкус на некои.

Париз. Некој ме плукна и ме нарече валкан Евреин.

Никогаш повеќе нема да го посетам Париз“ - пишува корисник за тоа какво искуство имал при посетата на француската престолнина.

Comment
by u/Gourmet-Guy from discussion
in AskReddit

Но, има и такви на кои не им се допаѓа Њујорк.

Њујорк, поточно Менхетен – лудо е колку е сè избезумено, но бавно, како никој не се грижи за другите, сè е скапо само затоа што е Њујорк.

И да бидеме фер, дури и поскапата храна не е толку добра.

Во најлош случај, можеби ќе се вратам таму ако мојата идна сопруга навистина, навистина сака да го види тој град.

Но, никогаш повеќе нема да го ставам Њујорк во моите планови за посета“.

Comment
by u/Gourmet-Guy from discussion
in AskReddit

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg