Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 (безобразни) вицеви за парови што со задоволство ќе им ги кажете пред избрано друштво (18+)

Дали сте од оние луѓе што со задоволство сакаат да кажуваат вицеви на собиранките со пријателите? Прочитајте 5 нови вицеви што ќе ви се најдат за следната седенка.

5-bezobrazni-vicevi-za-parovi-shto-so-zadovolstvo-kje-im-gi-kazhete-pred-izbrano-drushtvo-18-01.jpg

Вицевите за парови се меѓу омилените – во нив може да се пронајдат речиси сите, а овие пет, добро ќе ве насмеат и ќе ви го поткренат расположението.

Сигурно ќе сакате да им ги раскажете на пријателите:

Прва брачна ноќ

Утрото по првата брачна ноќ жената му вели на сопругот:

- Ти си лош љубовник, а тој ѝ враќа:

- Како можеш да знаеш од пет минути?

Што ќе купиме од парите од Лото?

Мажот и жената уплатиле лото и почнале да сонуваат што ќе направат ако ја добијат премијата.

Жената му рекла на мажот:

- Ако добиеме лото, ќе вработам готвач само за да можам да му кажам: ‘Еј, ај те молам направи ми сендвич!’

Мажот ја погледнал и ѝ рекол:

- Мене не ми треба тоа, веќе имам таков човек.

Цвеќе за годишнина

Миле постојано ги заборавал роденденот на сопругата и годишнината, па одлучил да го реши проблемот засекогаш.

Отишол во цвеќарница и договорил секоја година на точно определените датуми тие да доставуваат цвеќе во неговиот дом со картичка на која пишува: „Со љубов, од твојот сопруг Миле“.

Ова решение било супер. Во наредните неколку години сопругата била среќна и се фалела како на Миле секоја година му текнува да ѝ подари цвеќе.

Еден ден кога им било годишнина, Миле доцна си дошол од работа, го видел букетот на масата, па ѝ рекол на сопругата:

„Ама е убаво цвеќето, од каде го купи?“

Маскенбал

Мажот и жената требало да одат на маскенбал, ама жената сакала да го тестира, па му рекла тој да оди сам затоа што таа не се чувствува добро.

Мажот се маскирал и заминал на забавата, а жената останала дома. По еден час и таа се маскирала и отишла да види што се случува и што прави нејзиниот сопруг, знаејќи дека тој нема да ја познае.

Кога стигнала таму веднаш го препознала сопругот по маската и видела дека тој танцува со некоја згодна девојка и веднаш му се приближила и почнала да го заведува.

Испиле повеќе пијачки, па се скриле во една од другите соби.

По брзиот секс, жената веднаш избегала, па кога стигнала дома се пресоблекла и си легнала во кревет и почнала да размислува како да му се одмазди на сопругот затоа што ја изневерил.

Кога си дошол дома сопругот, го прашала како си поминал, на што тој ѝ рекол:

- Не отидов, останавме кај другар, му го дадов костумот на колега и ми рече дека си поминал незаборавно.

Истражување

Едно истражување за брачни двојки потврдило дека секое ново запросување започнува со зборовите:

- Сигурна си дека е позитивен?

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 хит вицеви за повесел ден Се караат маж и жена и жената вреска: „Те молам Господе земи ме!“ На ова мажот в...
Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Хит вицеви за Македонците - на доктор, на аеродром, во сообраќај Македонска свадба: – Тато, колку чинеше свадбата со мама? – Сине, уште ја плаќам...
10 (малку навредливи) вицеви кои добро ќе ве насмеат „Другар, колку години ти има девојката? 44 години. Ха-ха, па таа може мајка да м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg