Вицеви со златни рипки кои добро ќе ве расположат

Можеби дел од нив веќе сте ги слушнале, но никогаш нема лошо време за добра смеа. Денешната дневна доза хумор се вицеви со златни рипки.

Vicevi-zo-zlatni-ripki-koi-dobro-ke-ve-raspolozat-01.jpg

Па уживајте и насмејте се, бидејќи смеата е половина здравје:

 

Македонец фаќал риби во едно езеро во Италија. Фатил златна рипка. 

- Пушти ме и ќе ти исполнам една желба! – го замолила рипката.

Нашинецот се помислил и рекол: Направи мост оттука до Македонија, кога ќе тргнам никаде да не запирам.

Рипката: Тоа е 99% невозможно!

Нашинецот: Тогаш направи кога сме на печалба, нашите жени да не одат со други мажи.

Рипката: Со колку ленти сакаш да биде мостот?

 

Еден диџеј фатил златна рипка и веднаш ја пуштил.

Рипката му рекла: Почекај малку! А трите желби?

Диџејот воздивнал и ѝ рекол: Добро. Кажи кои песни ги сакаш!

 

Си биле глупав, поглупав и најглупав и паднале на пуст остров. Фатиле златна рипка и таа им рекла:

Ако ме пуштите, ќе ви исполнам 3 желби.

Глупавиот рекол: Јас имам жена, да ме вратиш дома! И рипката го вратила.

Поглупавиот рекол: Јас имам жена и деца, да ме вратиш дома! И него рипката го вратила дома.

На крајот, најглупавиот не знаел што да рече, па рекол: врати ми ги двајцата на островот.

 

Фатил Македонец златна рипка и почнал да ја гњави за политика.

На крајот, рибата му рекла: Дај, испржи ме, жити мајка.

 

Фатил студент златна рипка и таа му рекла: Пушти ме, ќе ти исполнам една желба.

Студентот се зачудил: Како една, зарем не беа три?

На тоа рибата му одговорила: Ееее, сега е по ЕКТС.

 

Фатил поп златна рипка и таа му вели: – Ако ме пуштиш, ќе ти исполнам 2 желби!

Попот: Првата желба ми е – да не бидам повеќе поп!

Во истиот момент рипката му ја зела мантијата и Библијата, ги фрлила во вода, и му рекла:

- Добро, не си веќе поп. Која е втората желба?

- Сакам да имам скап џип, многу пари, ништо да не работам, само да уживам …

Рипката ги зела мантијата и Библијата, му ги враќа и му вика:

- Ама ти попе, се зафркаваш малку со мене?

 

Двајца кавадарчани ловеле риби на Тиквешко Езеро. Едниот отишол да вади пијавици затоа што снемале. Додека го немало, другиот фатил златна рипка. Таа му рекла:

- Ќе ти исполнам 3 желби ако ме пуштиш.

Овој рекол – па прво сакам да сум многу богат.

Добро, рекла рипката.

- Потоа сакам да имам убава жена.

Исполнето, рекла рипката. А која ти е третата желба?

- Па ајде да не ми се лути другарот, нека му се исполни и нему една желба.

- Важи, рекла рипката и тој ја пуштил. Тогаш од зад грмушките се појавува пријателот и му вели:

- Санде, да ти го на*укаат 100 магариња, тука никаде нема пијавици.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
6 типови на работници во македонските компании (шеговито и за забава) Амали, џетсетери, непостоечки.... Кој тип на работник ви е најнеомилен, а кој ти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg