„Чесен поп, скромен министер од Владата и Дедо Мраз наоѓаат 100 евра…“ – Вицеви за Нова година и Дедо Мраз

Имавме тешка година, па најдобро би било да ја испратиме со доза хумор. И да се надеваме дека следната ќе биде многу подобра.

Viceci-za-Nova-godina-01.jpgфото: pixabay.com

Прочитајте ги следните смешни вицеви обоени со празничен тон… и додадете некој по ваша желба:

Оптимист:
- Новата година ќе биде подобра од претходната.
Песимист:
- Новата година ќе биде полоша од старата.
Реалист:
- Пак ќе си се напијам!

Оди Дедо Мраз на психијатар и се жали:
 - Докторе, помогнете ми, не верувам во себе.

- Знаеш ли какви подароци им подарува Дедо Мраз на најубавите жени?
- Не.
- Па од каде би знаела?

Синчето на политичар пишува писмо до Дедо Мраз: Драги Дедо Мраз, ако ти е мил животот…

Таткото на синот: Ти си веќе голем, треба да знаеш дека Дедо Мраз не постои, јас се облекував како него …
- Знам, знам, ти си и штркот што ме донесе.

Пијаница влегува во кафеана и извикува: Среќна Нова година!
- Ма каква Нова година, февруари е.
- Февруари? Ќе ме убие жената, никогаш не сум се вратил толку доцна дома.

Зборуваат другарчиња во градинка…
- Што сакаш за Новата година? Јас една количка, а ти? 
- Јас сакам тампон. На ТВ кажаа дека можеш да се бањаш, да трчаш и да возиш велосипед, без никој да забележи ништо.

Младо момче се среќава со Дедо Мраз и посакува еднорог за Нова година.
- Ма каков еднорог, дај нешто реално.
- Добро, сакам девојка, фина, воспитана, што нема да зборува премногу и ќе ме сака дури и кога ќе немам пари …
- А каква боја сакаш да биде еднорогот?

Чесен поп, скромен министер од Владата и Дедо Мраз наоѓаат банкнота од сто евра. Кој ќе ја земе?
- Дедо Мраз. Другите двајца не постојат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
10 српски твитови кои се доказ дека твитерџиите имаат уникатна смисла за хумор „Ве молам намалете ги цените на храната и бензинот, немам тело за на OnlyFans“ и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg