„Зошто Црногорците доаѓаат во Македонија? Слушнале дека нема работа“ – најдобрите вицеви за Црногорците
Еден од најпрепознатливите стереотипи за Црногорците е нивната мрзеливост. Колку е оправдан не можеме да знаеме со сигурност, но истиот сепак послужил за смислување на многу вицеви на нивна сметка.
Сепак, хуморот нè одржува здрави и долговечни, па време е малку да се насмееме, макар и на туѓа сметка:
Црногорец ѝ вели на девојката: Го гледаш овој цвет онаму?
Девојката: го гледам.
- Епа оди и набери го, за тебе е.
Го прашуваат Црногорецот која е најтешката работа којашто ја работел.
Тој одговорил: Чувар на гробишта. Сите лежат, јас морам да стојам.
Што им кажал Исус последно на Црногорците?
- Не правете ништо додека не се вратам.
Колку изнесува рекордот на Црногорец на 100 метри? – 68 метри.
Зошто Црногорците доаѓаат во Македонија? – Затоа што слушнале дека нема работа.
Оди Црногорец на пазар и прашува колку пари се пиперките? – 2 евра, на што тој одговара: Да не се можеби полнети?
Како настанал земјотресот? Црногорецот се фатил за лопатата и земјата почнала да се смее.
Каде ги крие парите жената на Црногорец? Под лопатата.
Како Црногорците прават пат? Ќе изградат 5 метри и ќе постават знак „итн.“.
Како Црногорците перат автомобил? Едниот го држи сунѓерот, а другиот го вози автомобилот напред-назад.
Го прашуваат Црногорецот во што сака да се реинкарнира? – Во змија, ем лежиш, ем се движиш.
Влегува Црногорец во кафуле и здогледува згодна русокоса.
- Девојко, што пиеш?
- Кока кола.
- Па каде ти е?
Влегува Црногорец во полициска станица и вели: добро вечер господине, слушам луѓето зборуваат за некаков си лежечки полицаец, па јас дојдов да се пријавам за работата.
Влегува Црногорец во спалната соба и ја начекува сопругата со друг маж. „Види види, будали луѓе, ја работат туѓата работа“.
Двајца Црногорци ограбиле банка. Едниот му вели на другиот: Ќе ги броиме парите или ќе чекаме да кажат на вести колку сме украле?
(О)Милена | Црнобело