Ставете сол наместо шеќер, свртете ги наопаку сликите – Првоаприлски шеги за домашните во карантин

Само затоа што сте во карантин, не значи дека мора да го прескокнете овогодишниот Ден на шегата.

najdobrite-prvoaprilski-shegi-za-vo-karantin-01.jpg

Постојат безброј првоаприлски шеги што можете да им ги приредите на родителите, братот, сестрата, партнерот…

Во продолжение погледнете неколку одлични, а едноставни идеи:

1. Ако некој од домашните го пие кафето со шеќер, можете во садот за шеќер да ставите сол.

2. Извадете ги батериите од сите далечински управувачи во домот. Домашните сигурно ќе се помачат пред да се сетат да ги проверат батериите.

3. Извадете го горниот капак на сите шампони во тоалетот, врз отворот на шишето ставете проѕирна пластична фолија, па вратете го капакот на место. На овој начин ќе ги „запечатете“ шампоните и дефинитивно ќе збуните некој од семејството.

najdobrite-prvoaprilski-shegi-za-vo-karantin-02.jpg

4. Разбудете се порано и сите слики што се закачени во домот, свртете ги наопаку. Можете да го направите истото и со ѕидните часовници.

5. Ако имате некој во семејството кој се плаши од инсекти, ова е одлична шега за него. Одмотајте малку од тоалетната хартија, нацртајте пајак со црн фломастер и повторно завиткајте ја. Потоа само седете и чекајте некој да почне да вика.

6. Ако сакате да ги изнервирате родителите, можете да си симнете позадина за вашиот смартфон која наликува на скршен екран. Покажете им ја на родителите и кажете им дека сте го скршиле телефонот.

najdobrite-prvoaprilski-shegi-za-vo-karantin-03.jpg

7. Земете ја облеката од фиоката на некој од семејството и ставете ја во друга фиока.

8. Ако во домот имате изложено семејни фотографии, заменете ги со нешто смешно. Испечатете слики или фотографии од смешни ликови и ставете ги на местото на семејните.

9. Променете го јазикот на телевизорот во некој друг. Гледајте да биде некој потежок, како кинески или јапонски (но внимавајте и запомнете како потоа да го вратите, да не остане така, па и сами да не знаете што гледате).

najdobrite-prvoaprilski-shegi-za-vo-karantin-04.jpg

10. Ако имате автомобил кој е паркиран надвор, искрадете се и оставете порака „Извини за штетата“. Некој од семејството сигурно ќе се разгневи пред да провери дека нема никаква штета.

11. Ако во текот на денот никој нема обврски, можете да ги поместите сите часовници напред. А, можете и на сите часовници да наместите различно време.

najdobrite-prvoaprilski-shegi-za-vo-karantin-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
11 малку мрачни шеги, кои не се за сечиј вкус Копав во нашата градина и најдов ковчег со злато и сакав да истрчам да ѝ кажам н...
10 фотографии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените очи (и да погледнете двапати) На прв поглед, ќе ви личи како очите да ве лажат... Погледнете ги двапати фоткит...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
12 луѓе кои сигурно имаат полош ден од вашиот Дали често си помислувате „Ова можеше само на мене да ми се случи“? Овие ситуаци...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg