Виц на денот: Годишнина
Три брачни пара ги прославувале своите годишници од брак во еден исто хотел. После вечерата секој пар заминал во својата соба. Наутро, на појадок се...
...сретнале мажите и тоа – едниот со модрица под окото, другиот со скршена рака, а третиот со две скршени нозе.
Го прашуваат првиот што му се случило, а тој им вели:
- Не прашувајте! Влеговме во собата, почнавме да се сексаме, завршивме и јас махинално извадив 100 евра и ги подадов на жена ми. Таа толку многу се налути што ја дофати пепељарата и ме удри право во око!
Вториот:
- Ма и јас слично поминав. Дојдовме во собата, завршивме работа и јас махинално вадам 100 евра, кога она мене ми враќа 50. Замавнав со раката да ја удрам, она се помрдна и јас удрив право во ѕид!
Третиот раскажува:
- Јас поминав уште полошо. Дојдовме во собата, почнавме да се сексаме, кога некој на сред секс чука на вратата.
Жена ми се исплаши и од навика викна:
„Леле маж ми!“, а јас будала право низ прозор...