Никогаш досадни - ретро вицoви за плавуши кои ќе ве насмеат
Ви фали малку смеа во животот? Вицовите кои никогаш не ни здосадуваат се оние со плавушите во главна улога.
Прочитајте ги и насмејте се, заслуживте малку одмор по напорната недела. И секако, без навреда, плавушите се прекрасни жени без чии вицеви животот би бил крајно здодевен:
Разговараат две плавуши на телефон:
- Знаеш дека маж ми денес го згази камион?
- Леле, страшно, и што ќе правиш сега?
- Па изгледа ориз.
Што рекла плавуша кога ѝ рекле дека во главата има само воздух? – Подобро нешто отколку ништо.
Како се нарекува црнокоса меѓу две плавуши? – Преведувачка.
Плавуша оди да купи карти за во кино…
- Дајте ми две карти…
- За „Ромео и Јулија“?
- Не бе, за мене и другарка ми!
Плавуша: Мажот ми донесе вчера кокошка и ми рече убаво да ја спремам за во недела. Не знаев што носат кокошките во недела, но најдов едно убаво фустанче…
Плавуша оди во пицерија и си нарачува пица. Келнерот ја прашува:
- На колку парчиња сакате да биде исечена пицата, на 6 или 12?
Плавушата:
- На 6, 12 не можам да изедам.
Плавуша отишла на доктор и влегла во ординацијата за преглед.
Докторот: Соблечете се и легнете на креветот.
Плавушата: Колку сте некултурни докторе, може ли малку предигра прво?
Влегува плавуша во аптека:
- Здраво, еден дијазепам.
- Имате рецепт?
- Да имав рецепт сама ќе си го направев.