Како таткото ја продал ќерката
18-годишна девојка и се доверува на мајка си и и’ кажува дека и доцни веќе два месеци. Видно загрижена мајката отишла во аптека и купила тест...
...за бременост, кој потврдил дека ќерка и е бремена.
Мајката викала, плачела, колнела:
„Кое е тоа ѓубре? Сакам да знам одма! Има сега се да му кажеш на татко ти во очи!“
Кога конечно останала сама, девојката направила еден телефонски разговор. Половина час подоцна, потполно ново Ферари застанало пред нивната куќа.
Возрасен, достоинствен господин, облечен во многу скапо одело излегол од автомобилот и влегол во куќата. Седнал во дневната соба со родителите на девојката, па им кажал:
„Добар ден, вашата ќерка ме извести за проблемот. Јас, сепак, не можам да ја земам за жена заради својата лична семејна ситуација, но можам да ја превземам одговорноста и да направам нешто за неа. Ако се роди девојченце, ќе и препишам три фабрики, два удобни апартмани, вила на плажа и сметка во банка на $500.000 долари. Ако се роди момче ќе добие две фабрики и $500.000 долари. Ако се родат близнаци, секој ќе добие по една фабрика и по $250.000 долари. А, ако во некој случај дојде до спонтан абортус.....?“
Во тој момент, таткото кој за цело време молчел, ја ставил раката на рамото на човекот и му рекол:
“Има да „и се качиш“ пак, па што сака нека биде!“