Виц: Мујо има чуден проблем со срцето
Отишол Мујо на доктор и му вели:
- Докторе имам проблем со срцето.
- За што станува збор? – запрашал докторот.
Мујо воздивнал и почнал да раскажува:
- Па еве одам јас дома и ја гледам Фата со Хасо во кревет. Се фаќам јас за пиштолот и сакам да го убијам Хасо, а тој ми вели:
- Чекај, ајде Фато свари кафе, а ние двајца да поразговараме. Еве ќе ме убиеш мене, ти ќе отидеш во затвор, а некој друг ќе биде со Фата.
- Да, имаш право....
Вториот ден истата ситуација.
Јас го вадам пиштолот, одам да ја убијам Фата. А Хасо ми вели:
- Ајде да се напиеме кафе и да поразговараме. Ти ќе ја убиеш Фата, ќе одиш во затвор, а јас ќе бидам со некоја друга.
Третиот ден повторно исто.
- Јас го вадам пиштолот, сакам да се убијам. Повторно Хасо ме вика на кафе муабет.
- Еве ќе се убиеш, а јас повторно ќе бидам со Фата...
Докторот ја слуша приказната и на крајот го прашува:
- Па добро Мујо каква врска има тоа со твоето срце?
Мујо збунето го гледа докторот и го прашува:
- Па незнам докторе, уште колку кафе можам да испијам а срцето да не ми откаже.