Виц - Божја волја
Се случува сообраќајка на автопат, двата автомобили потполно уништени. Од првиот автомобил се извлекува неповреден, маркантен и згоден маж.
Од вториот се извлекува преубава, згодна жена, исто така неповредена. Жената му приоѓа на мажот со шише вино, кое по некое чудо останало здраво и му вели:
- Ова е божја волја и наша среќа. Ние мораме да се запознаеме и да наздравиме за нашето идно пријателство.
Мажот ја погледнал и си помислил: „колку е убава“, го земал шишето вино и наздравил. Потоа и го подал на жената и таа да наздрави. Таа го зела шишето и го затворила.
Мажот ја прашал:
- Па зарем ти нема да наздравиш?
Таа му одговорила:
- Не, јас ќе ја почекам полицијата....