Виц на денот: Зошто му виси на Трпе?
Отишол Трпе со Трпана на одмор во Тексас. Трпе отсекогаш сакал автентични каубојски шпицасти чизми, па веднаш купил еден пар на распродажба, ги облекол и се вратил горд во мотелот.
Влегол во собата па и рекол на Трпана: Приметуваш ли нешто поразлично на мене?
Трпана го погледнала па му рекла: Не.
Фрустриран, Трпе оди во купатило, се соблекол гол и ги оставил само чизмите на нозете.
Повторно прашува, овој пат малку погласно: А, СЕГА, приметуваш ли нешто поразлично?
Трпана го крева погледот и му вели: Трпе, што е поразлично? Виси денес, висеше вчера и утре пак ќе виси!
Бесен, Трпе почнал да се дере: А, знаеш ли ти воопшто зошто виси?!
НЕ! – одговорила Трпана.
Виси затоа што ги гледа моите нови чизми!!! – викнал Трпе.
Трпана на тоа му одговорила: „Требаше да купиш шешир, Трпе, требаше да купиш шешир...“