Синот на Гери Барлоу од „Take That“ стана хит меме поради неговата висина
Семејна фотка на која Гери Барлоу едвај достигнува до рамото на син му Даниел ги инспирира твитерџиите, па социјалната мрежа е преплавена со мемиња за неговата висина.
Гери Барлоу, кој се прослави со групата Take That, неодамна сподели семејна фотка на Инстаграм Стори.
53-годишниот пејач обично се држи настрана од јавноста, па реткост е да се види со семејството.
Со сопругата Дон Ендрус, тој има три деца – синот Даниел (24) и ќерките Емили (22) и Дејзи (15).
А, фотката со син му и едната ќерка стана вирална благодарение на Даниел, односно неговата висина.
Гери, кој стои до син му, едвај му достигнува до рамената, а ова беше доволно за твитерџиите да се инспирираат.
Па, изминативе ден-два, Твитер е преплавен со мемиња за висината на Даниел.
Дел од најсмешните во продолжение:
„Синот на Гери Барлоу ја реди храната во фрижидер“
https://twitter.com/DaveNWaves/status/1854288021245325356
„Гери Барлоу со телефонот на син му“
https://twitter.com/PeteGJ90/status/1854507954315092417
„Детската соба на синот на Гери Барлоу“
https://twitter.com/__Anastazia__/status/1854086354981847309
„Се сеќавам кога синот на Гери Барлоу беше на турнеја со Take That“
https://twitter.com/StandUpForBarry/status/1853906631668466071
„Гери Барлоу пие кафе од шолјата на син му“
https://twitter.com/bigphil321/status/1854498118525501935