Банкарска зафрканција

bankarska-zafrkancija-povekjeНе знаеме дали станува збор за вистинска приказна или само зафрканција, но некои од вас можеби ќе се пронајдат и поистоветат со оваа ситуација.


Се случува во банка каде клиент сака да размени 20 евра.

Вака се одвивало дејствието:

Јас: Добар ден, сакам да заменам 20 евра – и подавам банкнота од 50 евра...

Банкарската службеничка: Менуваме само цели банкноти

Ј: Па цела е...

БС: Не разменуваме, не ситниме пари...

Ј: Па имате налепница „Овластена менувачница“...

БС: Менуваме само цели банкноти...

Ј: Добро, дали може да ми раситните?

БС: Не раситнуваме. Уште нешто ви треба?

(Е, сега има да си играме)

Ј: Сакам да отворам девизна сметка?

БС: Молам?

Ј: Да отворам девизна сметка...

(Процедура како процедура)

БС: Повелете. Пријатно.

Ј: Почекајте. Сакам да уплатам 50 евра на мојата девизна сметка.

(Потпис овде, потпис онде)

БС: Ете, готово.

Ј: Сакам да подигнам 20 евра од мојата девизна сметка...

(Банкарската службеничка полека почнува да сфаќа!)

Па подигнав уште 10...

Па уште 10...

Па уште 10...

И ја затворив мојата девизна сметка.

Па разменив 10...

Па уште 10...

Следниот пат кога влегов во банката погледите беа: Ене го оној лудак! ...но, си завршив работа за 2 минути.

Страшно е што разни лудаци завршуваат побрзо работа од нормалните клиенти.

Едноставно, во денешно време мора да бидете по малку храбри и луди за да опстанете во денешново лудило.

Би можело да ве интересира:

Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Хит мемиња во кои ќе се пронајдат сите (и ќе ве насмеат до солзи)  „Кога ќе го прифатиш фактот дека нема да бидеш во фит форма летово, ниту к...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...
10 фотографии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените очи (и да погледнете двапати) На прв поглед, ќе ви личи како очите да ве лажат... Погледнете ги двапати фоткит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg