Студентот кој освоил 0 бодови, а сè точно одговорил

studentot-koj-osvoil-0-bodovi-a-se-tocno-odgovoril-povekjeПодолу се одговорите од тестот на еден студент кој кружи на Интернет. Имено, студентот успеал да ги одговори сите прашања точно, но сепак...


...да добие 0 бодови и да не положи.

Еве ги прашањата и неговите одговори:

1. Во која битка загинал Наполеон?
- Во својата последна битка.

2. Каде била потпишана Декларацијата за Независност?
- Најдолу на страната.

3. Која е главната причина за разводот?
- Бракот.

4. Која е главната причина за неуспехот?
- Испитите.

5. Што не можеш да јадеш за појадок?
- Ручек и вечера.

6. Што личи на половина јаболко?
- Другата половина.

7. Доколку фрлите црвен камен во плаво море, каков ќе стане каменот?
- Ќе стане мокар.

8. Како може да издржи човек осум дена без спиење?
- Без проблем, ќе спие навечер.

9. Како ќе подигнете слон со една рака?
- Тешко дека ќе најдете слон што има една рака.

10. Доколку имате три јаболка и четири портокали во едната рака и четири јаболка и три портокали во другата рака, што всушност имате?
- Многу големи раце.

11. Доколку на осум луѓе им требалe десет часа да изградат ѕид, колку ќе им биде потребно на четворица?
- Ич. Ѕидот е веќе изграден.

12. Како ќе фрлите неварено јајце на бетонски под без да се скрши?
- Како сакате, бетонските подови многу тешко се кршат.

Откако ги прочитал одговорите оној кој ги прегледувал, се онесвестил :-)

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...
„Девојките без филери и вештачки нокти ќе бидат ендемски вид“ и уште 16 кул твитови Госпоѓо, казната за навреда на службено лице е 50 евра. Пиши ми 150 евра, уште н...
6 типови на работници во македонските компании (шеговито и за забава) Амали, џетсетери, непостоечки.... Кој тип на работник ви е најнеомилен, а кој ти...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg