Така отсекогаш се прави
Две студентки цимерки пржат виршли. Едната им отсекува по едно парченце од краевите и ги става во тавчето. Другата зачудено ја прашува:
- Зошто им ги сечеш краевите?
- Па не знам, ама мајка ми секогаш така ги прави.
За викенд девојката си оди дома и ја прашува мајка си:
- Мамо, зошто секогаш ги отсекуваш краевите кога правиш виршли?
- Уф, не знам баш, ама баба ти секогаш така ги прави...
Девојката се јавува кај баба ѝ за да ја праша.
- Не знам точно, семејна традиција е. Мајка ми секогаш така ги правеше.
Девојката оди да ја посети својата прабаба во дом и конечно да ја открие оваа кулинарска тајна.
- Бабо, зошто на виршлите пред печење им се отсекуваат краевите?
- АМАН, УШТЕ ЛИ НЕ КУПИВТЕ ПОГОЛЕМО ТАВЧЕ!!? - не можела да поверува бабата.
Поука: Само затоа што нештата така се правеле во минатото, не значи дека мора така да се прават и денес. Користете логика :)