20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови
11. Единственото дете што никогаш нема да порасне и да си замине е сопругот.
12. Детето го прашува таткото:
- Тато колку чини да се ожениш?
- Не знам сине, уште плаќам на рати.
13. Расправијата со сопругата е како кога се обидуваш да ги прочиташ „Условите за користење“ на компјутерска програма. Прескокнуваш до крај и само кликаш: „Се согласувам“;
14. Жена ми вели дека никогаш не ја слушам... Или така нешто...
15. Бракот е како сапун. Мириса прекрасно, сѐ додека не го пробаш...
16. Жените стапуваат во брак затоа што веруваат дека тој ќе се промени. Мажите стапуваат во брак затоа што веруваат дека таа нема да се промени. И двајцата се лажат.
17. Тоа што го земав презимето на сопругот не значи дека не сум феминистка. Само не сакам никој од средно училиште да знае каде сум и што правам;
18. Кога мажот ѝ отвора врата на жената од автомобилот, тоа значи дека или автомобилот е нов, или жената е нова.
19. Сопругата ми даде комплимент: Ми рече дека сѐ што ќе ми каже, знам да го свртам во своја корист.
20. Секој сопруг знае дека е полесно да се извиниш, отколку да бараш одобрение.
Б. С. Б. | Црнобело