Виц: Перо на наградна игра

pero-na-nagradna-igra-povekjeВлегол Перо во кафуле и кога стигнал до шанкот, гледа на него сад полн со книжни евра. Му фатиле окце па го прашува конобарот:


- Еј, што е ова?

Конобарот одма му одговорил:

- Ставате внатре 100 евра, ви даваме 3 задачи. Ако ги направите, сè е ваше!

Перо прашал:

- Добро, а што треба да направам?

Конобарот го погледнал од глава до пети, па му рекол:

- Прво треба на екс да испиете литро ракија, без никакви гримаси на лицето. Потоа треба да отидете во дворот и на бесниот пит бул да му го извадите болниот заб. На крајот треба да се качите горе на кат и да водите љубов со госпоѓа која има 70 години.

Перо извадил 100 евра и ги ставил во садот. Конобарот му дава флаша ракија, тој ја натегнал. Очите почнале да му солзат, но ја испил цела без гримаси. Го треснал празното шише од шанк и тргнал кон дворот клатејќи се лево-десно.

Кога ја затворил вратата зад себе, се слушнало лаење, па ’ржење и на крајот цвилење. После 15 минути, Перо се вратил во кафаната, се потпрел на шанкот и рекол:

- Добро, каде е таа баба со болниот заб??

Би можело да ве интересира:

12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
„Девојките без филери и вештачки нокти ќе бидат ендемски вид“ и уште 16 кул твитови Госпоѓо, казната за навреда на службено лице е 50 евра. Пиши ми 150 евра, уште н...
Хит мемиња во кои ќе се пронајдат сите (и ќе ве насмеат до солзи)  „Кога ќе го прифатиш фактот дека нема да бидеш во фит форма летово, ниту к...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg