Бабата и овците

babata-i-ovcite-povekjeДознале новинарите дека на некоја планина живее баба што има многу овци и ги чува сама. Еден успеал да ја пронајде, а тогаш бабата си седела...


...на столче и си плетела. На ливадата пред неа си паселе многу овци.

Почнал да ја распрашува:

- Бабо, колку овци имаш?

- Од кои, од црните или од белите? – прашала бабата.

- Па, на пример од белите?

- Илјада.

- А, од црните?

- Исто, мрзоволно одговорила бабата.

- А, колку волна дава една овца?

- Која, црната или белата?

- Па, на пример белата?

- Две кила годишно.

- А, црната?

- Исто.

- А, колку месо се добива од една овца?

- Од која, од црната или од белата?

- Па, на пример од црната.

- 25 кила.

- А, од белата?

- Исто.

Новинарот веќе изнервиран, му пукнал филмот, па и свикал на бабата:

- Па добро бе бабо, каква е разликата меѓу црните и белите кога цело време ме прашуваш „црните или белите“, и на крај пак сè исто?!

- Еее, црните се мои!!! – му рекла бабата.

- А, белите?

- Исто.

Би можело да ве интересира:

„Зини земјо, голтни ме“ - Кога инфлуенсерите ќе се посрамотат правејќи фотка Инфлуенсерка закачена на дрво, инфлуенсерка потопена од бран, инфлуенсерка разго...
Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
10 српски твитови кои се доказ дека твитерџиите имаат уникатна смисла за хумор „Ве молам намалете ги цените на храната и бензинот, немам тело за на OnlyFans“ и...
10 забавни мемиња кои докажуваат дека сите татковци се исти Вклучените светилки во празна соба значат финансиска пропаст за семејството... Б...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg