Новата прва дама на САД нема проблем да ги замени штиклите со спортски патики – ги пречека кучињата во Белата куќа (фото)
-->
За разлика од Меланија, која ретко знаеше да се „спушти на рамно“, новата прва дама, Џил Бајден, ужива во удобноста на патиките.
За време на мандатот на Трамп, Белата куќа после долго време остана без миленици, но Бајден ја враќа традицијата.
-->
Прочитајте повеќе: Трамп немал време за миленик, а Бајден ќе донесе две кучиња – Мајор е првото вдомено куче што влегува во Белата куќа
Кучињата на семејството Бајден од денес им се придружија во Белата куќа, а ги пречека првата дама, Џил.
Облечена во црн капут и спортски патики, новата прва дама очигледно ја става удобноста на прво место.
На официјалниот профил на првата дама, беа објавени фотки со опис: „Чемп и Мајор ни се придружија во Белата куќа“.
-->
-->
-->
М. М. | Црнобело