Кортни Кардашијан „случајно“ налета на бившиот Јунес Бенџима во кафуле во Лос Анџелес (фото)
Иако Лос Анџелес е голем град, сепак Кортни успеа случајно во кафуле да налета на бившиот дечко, Јунес Бенџима, кој наводно ја почестил кафе.
Кортни Кардашијан уште во 2018-та стави крај на врската со 14 години помладиот Јунес Бенџима.
Сепак, по долго време, тие случајно налетале еден на друг во кафуле во Лос Анџелес, а екслузивните фотки се објавени од TMZ.
Изворите за TMZ велат дека Кортни и Јунес се сретнале на каса, изгледале среќно што се гледаат, а тој дури и го платил нејзиното кафе, па се бакнале во образ и се разделиле.
Што мислите, навистина ли оваа средба е случајна или се работи за некоја замисла на семејството Кардашијан?!
М. М. | Црнобело